ФИРОМ стана Македонија на самитот на НАТО – Грција подготвува протест


„Министерот за надворешни работи на Македонија“ – вака шефот на македонската дипломатија Никола Попоски беше најавен на самитот на НАТО во Велс, Велика Британија.

nato-samit-poposki-564x272И покрај политиката на Алијансата, која за Македонија ја користи привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија, официјалниот спикер го најави Попоски користејќи го уставното име на државата, по што шефот на македонската дипломатија се поздрави со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и со британскиот премиер Дејвид Камерон.

Ваквиот потег не остана незабележан во соседна Грција, каде медиумите ја објавуваат снимката како своевиден „скандал“ на самитот. Грчката делегација ова веднаш го оцени како провокација и најави официјален протест до организаторот.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1