– Обожавањето на Никола Тесла е подигнато во небесни височини и затоа неговите млади обожаватели низ светот предлагаат овој голем научник да се прогласи за светец. Овој предлог го потпишаа неколку стотини Теслини следбеници и тој е испратен до СПЦ – вели Мирна Момчичевиќ, портпарол на научната фондација.
Предлогот го подржуваат Бразил, Холандија, Австралија, Канада, Нов Зеланд, Австрија, Франција, САД, и се разбира Србија, известува српската телевизија Б92.
– Тесла беше светиот дух, човекот кој рано го открил Бог, а потоа и небесните пространства и космичката енергија. Моите предци од Ликами раскажуваа, дека Никола бил дете на Бога. Пред пет години почнав да собирам потписи, а свештеникот ме советуваше да ги испратам предлогот до Светиот Синод и СПЦ да го канонизира како Свети Никола Тесла – изјавува Никола Лончар, првиот човек на Научната фондација Тесла.
Сепак упатените во оваа работа тврдат дека шансите за исполнување на ваквото барање се многу мали. Српската црква, за разлика од Римокатоличката, нема прецизно дефинирана процедура за канонизација, но за внесување на некој личност во диптихот се потребни предуслови.
– Никола Тесла денес е еден од најпопуларните луѓе во светот. Само “Гугл” за него има 15 милиони информации. Во Америка, младите хуманитарци веруваат дека идеите на Тесла за бесплатна енергија е цивилизирано откритие, дека може да доведе до спасение на цивилизацијата од загадување, и затоа Никола Тесла е предложен да биде светец – вели д-р Милена Бајиќ, претседател на фондацијата Тесла за наука во Чикаго.
За српската Патријаршија најважен предуслов е тоа дали кандидатот во текот на животот бил верник и дали пострадал за верата или за народот.