Потресителни слики го покажуваат она што е останато од авионот и патниците на урнатиот авион на аеродромот во Ростов на Дон, каде сеуште истражните работат на местото на трагедијата. Како што е познато, авион Боинг 737-800 на нискобуџетна авиокомпанија Flydubai се урна при слетување на аеродромот. Загинаа сите 55 патници и седумчлен екипаж.Основните верзии за инцидентот се две – грешка при пилотирање поради лошото време или технички проблем.
Потсетуваме дека трагедијата се случи денес во 3:41 часот по локално време. Поради сложени временски услови авионот не успеал да се приземји во првиот наврат. Потоа долго време кружел над аеродромот, очекувајќи подобрување на времето.