Вчера вечерта околу 21 часот во северните предградија во Мелбурн во населбата Резерво исчезна 19 годишниот Петар Чагорски. Родителите на Петар се загрижени поради тоа што момчето има аутизам.
Полицијата и денес продолжи во потрага по овој тинајџер кој исчезна вчера во Резерво.
Во потрагата се вклучија и специјалните единици од Викториската држава и се фокусирани околу месноста каде се наоѓа стадионот на Престон Македонија на Broadhurst Avenue, Reservoir.
Петар ја избричил главата, има една обетка на едното уво и е висок 173 см.
Се верува дека Петар не поседува мобилен телефон, карта за патување за воз и паричник.