ФОТО: 19 годишен Македонец исчезна во Мелбурн


Вчера вечерта околу 21 часот во северните предградија во Мелбурн во населбата Резерво исчезна 19 годишниот Петар Чагорски. Родителите на Петар се загрижени поради тоа што момчето има аутизам.isceznat makedonec

 

Полицијата и денес продолжи во потрага по овој тинајџер кој исчезна вчера во Резерво.

Во потрагата се вклучија и специјалните единици од Викториската држава и се фокусирани околу месноста каде се наоѓа стадионот на Престон Македонија на Broadhurst Avenue, Reservoir.

Петар ја избричил главата, има една обетка на едното уво и е висок 173 см.

Се верува дека Петар не поседува мобилен телефон, карта за патување за воз и паричник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1