Автобус кој ги превезувал играчите на аматерскиот фудбалски клуб и нивните навивачи излетал од мост на истокот на Мексико, при што загинало најмалку 21 лице, соопштија денес локалните власти.
Во сообраќајна несреќа која се случила вчера во општината Атојак во сојузната држава Веракруз, повредени се 30 лица, а досега бројката на жртвите изнесува 21 лице.
Прелиминарната истрага покажала дека возачот на автобусот возел пребрзо кога ја загубил контролата врз возилото и ја пробил заштитната ограда по што автобусот паднал во реката Атојак.
Автобусот превезувал играчи на натпревар во локалната аматерска фудбалска лига, соопштија официјалните служи и додале дека меѓу патниците имало и деца. Претседателот на Мексико Енрике Пења Нијето на Твитер им изрази сочувство на семејствата на жртвите.