ФОТО – Aвтомобилот на Путин – го викаат ЗВЕР или бункер на тркала


Централниот истражувачки патен и автомоторен институт (Нами) патентира комбинација на прибор,  интегрирана во таблата на новата лимузина на рускиот претседател Владимир Путин од проектот “моторизираната придружба” .putin-kola

Од сликите станува јасно дека лимузината ќе располага со дигитален Инструменти панел кој емитира податоци.Развој на автомобилите за руската политичка елита ќе заврши уште до крајот на оваа година.
“Моторизираната придружба” вклучува освен споменатата претседателска лимузина, теренец, миниван и седан.putin-kola2 putin-kola1

Една од најдобро чуваните луѓе на планетата е, секако, претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.

Постојат неколку прстени на неговата безбедност, а се проценува дека за безбедноста на претседателот се грижат дури десет илјади луѓе. Иако за безбедноста на Путин не се знае многу, сосема е извесно дека еден од неговите најблиски соработници е генералот Виктор Золотов. Путин, со соработниците од кабинетот, има обичај на патувањата да ги носи и личниот лекар, масерот и психологот. Бројот и структурата на неговите придружници е строго чувана државна тајна, а енигма е и во кој од двата „Иљушина”, кои полетуваат во интервал од неколку минути, се наоѓа рускиот претседател.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1