ФОТО: Авторот на карикатурата на Мухамед го преживеа нападот – се успал за на работа


Реналд Луизер Луз (42), авторот на контроверзната карикатура на пророкот Мухамед, која беше објавена на насловната страница на францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“, го преживеа терористичкиот напад, благодарение на тоа што се успал и задоцнил половина час на работното место. Се успал.renald karikaturist

Сопругата на Луз за француските медиуми вели дека задоцнил половина час.

– Сопругот и јас се разбудивме половина час подоцна. Поради тоа тој на работа стигна по пукотниците – објаснува таа.

Очевидци велат дека кога неговата сопруга пристигнала на местото на настанот се обидела да се пробие низ полицискиот кордон и да влезе во редакцијата.

Инаку во нападот на францускиот сатиричен неделник загинаа 12 лица, а десет се повредени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1