ФОТО: Брилијантно решение – Зграда која што спречува самоубиство


Елмер Холемс Бобст, библиотека на универзитетот во Њујорк, станала прва таква градба која што спречува самоубиства.

Откако неколку студенти извршиле самоубиство, качувајќи се на скалите, Универзитетoт одлучил трагедиите веќе еднаш да завршат.

Њујоршкиот Унивезитет  борбата против овој проблем ја покренал уште во 2003 година, кога се случиле три смртни случаи. Таа година инсталирале ѕидови од плексиглас по должина на терасите. Но еден од студентите завршил трагично трудејќи се да се качува по ѕидовите, поради што Универзитетот морал да најде подобро решение.

Сега се предвидува во библиотеката да биде инсталирани и алуминиумски панели околу сите тераси и високите скали. Во прашање е проект кој го осмислува архитектот Џоела Сандерс кој ќе придонесе за безбедноста на студентите

 
Панелите се состојат од металнен екран, кој нема да имаат ни најмал отвор по кој би можел да се качуваат студентите.

Секако критики имало секогаш и секогаш ќе има. Така на твитер се појавиле коментари, зошто библиотеката во Њујорк изгледа како матрикс затвор.

Tags: , , ,

Ирена Чачкова

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1