Професор педофил поставил скриена камера во училницата и ги снимал своите ученици


Професор во средно училиште во грчкиот град Пијерија, кој е уапсен пред две години поради детска порнографија, поставил скриени камери во училниците  и тајно ги снимал децата, утврдила полицијата во лабораториските анализи  на компјутерските фајлови, кои биле пронајдени кај уапсениот професор.

 Полицијата денеска соопштила дека кај четириесет и две годишниот професор  се пронајдени вкупно 80 компјутерски видео снимки, а скриената камера била поставена на место во училницата преку која што можел тајно да ги снима гениталните зони на своите ученици, пренесува грчката новнска агенција АНА.

Обвинетиот е уапсен во јануари 2010 година, поради што  полицијата го претресла неговиот стан кај местото Агиос Павлос во близина на Солун, му го одземале компјутерот, пет хард диска, 42 компакт диска, а биле пронајдени и 3000 фајлови кои биле поврзани со детска порнографија.

Резултатите од досегашната анализа на одземениот материјал  се доставени до обвинителството во Солун, наведува грчката агенција АНА.

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1