Овие жени се најмоќни во светот на технологијата!


Бизнис инсајдер објави листа на 25 најмоќни жени вработени во големите компании за информациска технологија (IT).

Иако денес на чело на најпознатите компании се претежно мажи (Тим Кук – Епл, Балмер – Мајкрософт, Џеф Безос – Амазон, Лари Пејџ и Сергеј Брин – Google), но и поради фактот што на годишно ниво многу мал број на жени добиваат диплома по компјутерски науки во Америка, сепак според „Бизнис инсајдер“ за жените инженерки вработени во IT  компаниите само небото е граница.

Оваа страница објави листа на најмоќните инженерки во технолошките компании. На прво место е извршниот директор на IT во НАСА Линда Куретон.

Линда Куретон – во Бизнис инсајдер за неа велат дека има “најкул” работа во светот, бидејќи работи за НАСА, која има најдобра технологија – од најбрзи  компјутерски системи до различни апарати кои се користат за експерименти во вселената.

Пред да дојде во НАСА работела на раководна позиција во голем број државни агенции како што се Министерството за правда, Агенција за енергетика и тн.

Мариса Маер – една од првите вработени во Google и првиот инженер во компанијата, која учествуваше во развојот на некои од најголемите проекти на Google.

Таа сега е во Yahoo и се обидува оваа несреќна компанија да ја доведе во ред.

Кимбер Локхарт –Оваа девојка е главен инженер на компанијата Бокс. Таа го предводи одделот одговорен за развој на веб апликации, а е одговорна и за редизајнот на Бокс.

Пред да работи во Бокс таа беше еден од основачите и извршен директор на Increo Solutions кој беше преземен од Бокс во 2009 година.

Дајан Грин – една од основачите на VMware, компанија која беше уништена на берзата во 2007 година.

Таа набргу ја напушти компанијата и сега е консултант и инвеститор во почетнички компании – една од компаниите во која таа инвестираше пари е (Nicira). Од оваа година Грин е во управниот одбор на Google.

Лорин Стејтс – извршен директор на технологија во IBM, која е задолжена за стратегија на компјутерите во облаците.

Во компанијата се приклучи веднаш по завршувањето колеџ во доцните 90-ти, а изминатите години работела од извршен асистент до продажба во софтверска дивизија.

Мариана Тесел

Тесел води голем инженерски оддел во VMware и надгледува повеќе од 200 вработени кои се одговорни за ‘технолошките потреби” на над две илјади партнери на VMware.

Покрај тоа таа е сопственик и на неколку патенти.

Џен Фицпатрик – И таа е една од првите вработени во Google која во компанијата во која работи од 1999 година започнала на подобрување на квалитетот на резултатите од пребарувањето. Со текот на годините таа работела на повеќе проекти како што се веб директориуми, Google Maps и други, а во моментов работи  во  геолокација во одделот во кој пред да замине во Yahoo работеше Мариса Мајер.

Падмасри Вориор – Извршен директор за технологија и директор на стратешки развој на Cisco. Во оваа компанија влезе пред пет години и до сега, како што велат од Бизнис инсајдер “постигна спектакуларна кариера”.

За својата досегашна работа добила бројни награди.

Лора Матер – Лаура е експерт во борбата против сите форми на измама на интернет и еден од основачите на  Silver Tail System, сигурносна компанија која развива решенија за безбедност и заштита од компјутерски измами кои ги користат  банките и сајтови за електронска трговија.


Руши Сангиви – е една а од првите женски инженери во Фејсбук, каде што работела на производите како Фејсбук платформа и Фејсбук конект.

Таа во моментов работи како директор во Dropbox како директорка за оперативни работи.


Синтија Максвел, менаџер за мобилно инженерство во Pinteres
Трејси Чоу, софтверски инженер во Pinteres
Ребека Џејкоби, извршен директор за IT во Cisco
Селина Тобаковала, потпретседател на инженеринг секторот во SurveyMonkey
Грета Дабир, потпретседател и генерален менаџер за бизнис единици за сигурност во Cisco
Пола Лонг, извршен директор и основач DataGravity
Нинијан Ванг, извршен директор на технологија во Minted
Мери Ен Дејвидсон, главен директор за безбедност во Oracle
Јајшри Улал, извршен директор на Arista Networks
Џенифер Чајес, генерален директор на Microsoft Research New England
Хилари Мејсон, главен научник во Bitly
Дајан Брајант, генерален менаџер на група на центри за податоци и поврзани  системи во Интел
Сторми Питерс, директор на развој во Mozilla
Ивон Шнајдер, виш потпретседател за глобална технологија на комерцијални  услуги во Американ Експрес
Нора Дензел, виш подпретседател за социјален дизајн.

Share Button

Tags: , , , , ,

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1