ФОТО: Чавков официјално го презеде кабинетот на МВР


Новиот министер за внатрешни работи Митко Чавков денеска го презеде кабинетот од претходниот министер Гордана Јанкулоска.

-Го оставам МВР со врвни професионалци и одличен тим, напиша поранешната министерка за внатрешни работи Јанкулоска на својот Фејсбук профил.CAVKOV I JANKULOVSKA

Чавков седнува на министерката позиција по оставката на Јанкулоска, а на предлог на премиерот Никола Груевски кој беше изгласан од страна на Собранието.

Новиот министер за внатрешни работи е искусен човек, вистински професионалец со долгогодишно искуство во Министерството за внатрешни работи.jankulovska cavkov2

Работното искуство го почнува во Министерството за внатрешни работи. По завршување на приправничкиот стаж работи како инспектор во УБК, началник на Секторот за криминалистичка полиција во Регионалниот центар на МВР во Струмица, заменик-началник на РЦ на МВР во Струмица, виш инспектор за дрога во МВР, началник на Секторот за криминалистичка полиција во РЦ на МВР во Струмица, самостоен инспектор за финансиски криминал во РЦ на МВР во Гевгелија.

Чавков потоа работел и како главен инспектор за финансиски криминал во одделот за организиран криминал во МВР, началник на одделот за организиран криминал во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР, началник на Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР, началник на централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР и директор на Бирото за јавна безбедност при МВР.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1