Тони Смит од лондонската населба Дагенхам покрај детското игралиште пронашол огромен стаорец кој според него бил поголем и од двете мачки кои ги чува дома.
За среќа стаорецот не дошол во близок контакт со дечињата кои си играле бидејќи може да биде извор на опасни зарази. Смит кој е инженер за поставување на гасни инсталации вели дека често работејќи среќава животники низ куќите, но прв пат во својот живот гледа вакво огромно суштество.