Пред да се пријави во клиниката зa одвикнување минатата година, славниот британски пејач Џорџ Мајкл, бил тежок зависник од крек, тврдат членовите на неговото семејство за британски „Сан“. Сопругата на роднината на Џорџ, Андрос, рекла за британскиот таблоид дека стравува за животот на 52-годишниот Џорџ, кој поради консумирање разни дроги во текот на годините е здравствено упропастен.
– Пушеше крек. Пред да се пријави во клиниката знаеше да се тресе и да вели: „Ми треба тоа“. Одеше на забави на кои ќе се издрогираше, а потоа колабираше така што мораа да го креваат од подот. Се будеше повраќајќи, грозно… Многу ослабна, баш беше болен – рекла Џеки Георгиу во шокантното интервју за „Сан“.
„Крек, марихуана, алкохол, кокаин. Се тргна низбрдо. Порано или подоцна ќе завршеше во затвор или ќе умреше. И понатаму стравувам дека би можел да умре“, рекла 45-годишната Џеки, која својот сопруг Андрос го запознала токму преку Џорџ. Таа, имено, е поранешна манекенка родена во Њујорк.
Џорџ, познат по својата соло кариера, но и по завидниот успех како фронтмен на бендот „Вем“ (Wham), минатата година наводно се пријавил во скапата швајцарска клиника за одвикнување, една од најскапите во светот, во која месечен престој чини околу 190.000 фунти. Неговиот агент тогаш јавно ги демантирал тие известувања, тврдејќи дека Џорџ е на патување низ Европа, а најновите тврдења засега не ги коментирал. Меѓутоа, Џорџ се огласил на Твитер дека фановите не треба да им веруваат на глупостите што ги пишуваат весниците, и дека наводно Џеки не ја видел цели 18 години. Тој неодмна е забележан во Швајцарија со неговото момче Фади Фаваз.
Пејачот во меѓувреме ја напуштил швајцарската клиника, но и покрај негата која таму ја примил, наводно не се ослободил од пороците. Џеки рекла дека го посетила за неговиот 52-ри роденден и дека тој се налевал со алкохол. Роденденската прослава ја организирал во Швајцарија.
Џорџ во минатато имал низа проблеми со законот поради своите пороци, а во 2011 години замалку умрел од воспаление на белите дробови.