Дрво падна на коловозот на улицата “Кеј 13 Ноември” која минува покрај паркингот спроти Холидеј ин кај Дрводекор. Таксистите што стојат таму велат дека дрвото се срушило околу 11 часот и паднало веднаш зад такси возило. За среќа и комбето кое се движело по улицата успеало навреме да закочи за да не падне врз него. Во моментов немало ниту луѓе во близина и при уривањето нема повредени граѓани, пишува Вечер