Елена Бин Драи, Србинката која се омажи за шеик, раскажа за животот со него.
Во интервју за Блиц, младата девојка раскажува дека таа е единствена жена во неговиот живот и е сигурна во неговата љубов кон неа. По нивните закони, тој може да има повеќе жени, но шеикот избрал да биде само со неа.
– Среќна сум што го имам. Повеќе од деценија е со мене, ме поддржува во се, никогаш не помислил на друга жена. Никогаш не ми рекол не за ништо, вели таа.
Девојката која е позната и по хуманитарната работа не сака да зборува на таа тема, бидејќи според неа оној кој работи и многу има, треба да споделува, но не и да се фали со тоа.
Инаку, таа пред 13 години заминала во Дубаи каде се заљубила во шеикот Саеда Бин Драи. Заедно имаат среќен живот со три ќеркички.