Дојран преполн. Лежалки, детски џагор, замоци од песок, водни лудории, читање на плажа, модерни плажи и кафулиња – ова е Дојран денес. Туристите, меѓу другото, ќе уживаат на прекрасни песочни плажи, одличните сместувачки капацитети и традиционалната храна по достапни цени.
Враќањето на водата во езерото, го врати и ентузијазмот кај туристите, но и надежта кај дојранчани за богата сезона. Велат дека генерално се задоволни од туристичките услугите. За тоа говори и зголемениот број на туристите за околу 40% во однос на лани, кои постојано оди во нагорна линија.
На плажите има редовно спасувачи кои со чамец и постојано патролираат долж крајбрежјето. Шеталиштето е преполно со луѓе.