Две мртви и две ранети лица во инцидентот кој се случи вечерва во селото Вевчани. На повредите им подлегнаа: Владо Попески и Матеј Ѓурчески а повредини се Илија Пржитоски и Горан Коруноски.
Убиецот Здравко Србакоски (поранешен поштар) после немилиот настан сам се предал на полицијата. Причината за убиството била: убиецот Здравко Србакоски барал пари на заем од Владо Попески сопственик на локалот Пиаца.
Кога Владо Попоски го одбил Здравко Србакоски тогаш настанала вербална расправија. Во расправијата сопственикот на Пиаца, Владо го удрил Здравко кој во истиот момент посегнал по својот пиштол и почнал да пука во лицата кој биле присутни во локалот.
Убиецот З.С. (56) години со пиштол пукал во нив околу 21 часот и 30 минути, при што повредени се и И.П. и Г.К., информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
– Веднаш по пукањето приведен е З.С. од неговиот дом, каде е пронајдено и оружјето со кое го извршил делото. Во тек е истражна постапка, се разговара со осомничениот и во текот на денот ќе биде изготвена кривична пријава за „убиство“, изјави Димоски за МИА.
Дежурниот хирург во струшката болница Речи Илми информира дека синоќа примиле четворица повредени со огнено оружје.
– За жал, двајца починаа иако дадовме се од интензивната нега од страна на анестезиолозите и хирурзите присутни. Третиот е во добра и стабилна состојба, има прострелна рана во абдоменот, меѓутоа не е пенетрантна, а четвртиот пациент е пренесен во костозглобна со фрактура над левата надлактица, исто со масивно крвавење.
Како што слушнавме и тој е во добра состојба. Двајцата починати беа со прострелни рани во градите со внатрешно масивно крвавење. Се беше дадено од наша страна, тие починаа, изјави Илми.
Роднини на убиениот за МКД, раскажуваат дека неодамна се вратил од Хрватска, каде што исто така имал проблеми со властите за некаква кражба.
Тој, пред два месеци влегол во спортската обожувалница на Владо Попески, кој е и сопственик на кафеаната Пјаца и сакал да уплати ливче.
Но, системот во тој момент не работел, па Владо му објаснил на Здравко дека нема да може да ја изврши уплатата, по што настанала вербална расправија која завршила со зборовите на Здравко: Ќе ме запамтиш ти мене!
Детали за убиството во Вевчани: „Вечерва ќе има трагедија, ќе видите“