Три години по нуклеарната катастрофа во Фукушима, градот се уште е мртов. Доста луѓе се евакуирани од центарот, а на некои од нив им е дозволено да ги посетуваат своите домови само еднаш месечно. Така, овој некогаш жив град, сега личи на град од хорор филмовите
Од декември, нуклеарната електрана е исклучена, што значи дека започна нејзиното чистење. Сега преку 400 тони ураниумски шипки мораат да се тргнат од оштетениот реактор на безбедна локација.
По тоа, на некои граѓани ќе им биде дозволено да се вратат во своите домови.
Вкупно 80.000 лица се евакуирани во радиус од 12 милји од нуклеарката. Тепко, сопственикот на електраната тврди дека ситуацијата е под контрола, и рече дека во декември започнала операцијата за нејзино чистење.
Некои од граѓаните, можеби ќе треба да чекаат пет години додека нивните домови да бидат прогласени за доволно безбедни за да се вратат во нив.