Од рано утрово трае предавањето на војниците кои учестуваа во неуспешниот државен удар во Турција.
Тие ѝ се предаваат на полицијата во присуство на многу народ, кој беше спречен физички да ги нападне на истанбулскиот Мост на Босфорот, каде што синоќа имаше жесток судир на војската со граѓаните кои излегоа во одбрна на земјата по повикот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој ѝ се обрати на нацијата преку интернет, преку апликацијата фејстајм во програма која се емитуваше во живо на Си-ен-ен Турк.
Војниците се предаваат без униформа.