ФОТО: И бункерот на Сталин се продава за апокалипска – 16. 000 долари!


Bunker te 2

Безбедно и комфортно, 65 метри под земјата, дочекајте го крајот на светот во бункерот на Сталин, познат како „Бункер 42 на Таганка“. Вели рекламата за оваа понуда.

 Цената живо џабе – само 16 000 долари дури нудат и да ви вратат половина од парите ако не дојде до апокалипса.

-Ве повикуваме да го преживеете крајот на светот на 21. 12. 2012 во бункерот на Сталин, 65 метри под земјата, стои на веб сајтот на тој прочуен бункер, кој Јосиф Висарионович го изградил за себе во случај на нуклеарна војна.

Бункерот во центарот на Москва се смета за најдлабок во светот.

Bunker 1

Под земјата се изградени 26 ката, ѕидовите се со дебелина од метар и половина.

На гостите им се нуди храна пет пати за време на 24 часа, а велат бункерот е опремен со се што е потребно за во него да се живее 6 месеци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1