ФОТО: И на Балканот постои град на духови


На врвот на брдото во Гроцка, лежи одамна заборавена населба. Населбата има околу 300 станови но ниту еден станар. Само голи ѕидови и мртва тишина…

Недовршениот станбен комплекс во Гроцка има атомско засолниште. Првенствено, комплексот бил замислен како мала убава населба со десеттина згради во близина на брегот на Дунав. Меѓутоа, нешто тргнало на лошо.belgrad

Кога зградите биле кренати, градењето престанало. Блис.рс пренесува дека становите биле распродадени однапред, а луѓето биле измамени.

Интересно е што целиот комплекс неодамна за 380.000 евра го купил човек, кој ни самиот не знае што ќе прави со напуштените градби.belgrad1

-Тука живеела една жена. Таа го купила станот и одлучила да се всели, иако немало врати, прозори, малтер или било каква инсталација. Живеела тука сè додека не избил пожар, изјавил еден жител на Гроцка за Блиц.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1