Жена на поранешен грчки министер побегна од лудница


Жената на поранешниот министер за одбрана на Грција, Вики Стамати побегнала од затворската психијатриска болница.

Таа била во затворската психијатриска болница бидејќи е осудена на 12 години затвор поради перење на пари заедно со својот маж Акис Цохацопунос.

Полицијата спроведува истрага за да се утврди како Стамати побегнала од својата ќелија.zena.jpg-500

Еден од нејзините адвокати изјави дека Стамати побегнала ден откако нејзината жалба за ослободување била одбиена.

Како главна причина за нејзината жалба ја навела здравствената состојба и неопходноста да биде покрај своето мало дете кое во моментов го одгледува нејзината мајка.

Стамати уапсена е во 2012. година а во 2013. е осудена поради учество во корупциска афера заедно со својот маж и уште десетина лица задолжени за воените набавки.

Непосредно после судењето, направила двојна мастектомија поради лошата здравствена состојба. После нервниот слом и обидот за самоубиство префрлена е во психијатриската болница поради тешка депресија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1