На Марс врне снег потврди НАСА, а пренесе магазинот TIME. Сепак овој снег не е како нашиот, него го сочинуваат кристали од јаглерод диоксид.
„Снегулките“ кои паѓаат на оваа планета не се како нашите убави и лесни, туку доста цврсти и најверојатно во допир со човечката кожа би предизвикале смрзнување.Голем облак со радиус од околу 500 километри се појавил за време на зимскиот период на јужниот пол на Црвената планета при што нанел дебел слој снег.
Нови податоци собрала вселенската сонда „орбитални истражувачи на Марс“ лансирана во 2005 година.
Истражувачите го „обиколиле“ јужниот пол на Марс со помош на спектрометарот кој има цел да ја истражува климата на Марс.
Според тоа ова не е прв пат да биде откриен снег на Марс, од НАСА соопштуваат дека за прв пат имаат непосредни докази за снежни врнежи на соседната планета.
– До сега имавме разни докази дека постои ваков вид на снег на Марс. Но ова е прв пат да бидеме во можност тродимензионално да го проучиме снежниот облак и да се увериме дека постојат долги марсовски снежни зими, изјавил геофизичарот Пол Хејн.