Најмладата жртва на терористичките напади во Анкара имала само 9 години. Кога ќе пораснел, сакал да биде адвокат, а неговите родители да ми купеле таблет или компјутер. Но, желбите на 9-годишниот Вејсел Атилган, за жал не се остварија.
Најмладата жртва во терористичките напади во Анкара, вчера беше погребана заедно со најголем дел од 97-те жртви.
Неговите соученици и наставниците му оддадоа последна почит во училиштето, каде неодамна пред камерите ги раскажал своите желби.