46-годишен битолчанец Мирче Трајковски веќе трет ден е исчезнат. Неговото семејство бара помош околу неговото пронаоѓање доколку некој го забележи, објави Канал 5.
Мирче Трајковски е висок околу 180 см, има црн тен. На денот на исчезнувањето бил облечен во црна вентијага, фармерки и црни чевли. Завчера наутро кај седум часот излегол од домот, по што за последен пат е виден истиот ден претпладне на улицата Васко Карангелевски во Нова Битола. Од тогаш му се губи секаква трага.
Исчезнувањето на Трајковски е пријавено во битолската полиција, а сите оние кои го забележале или имаат некаква информација можат да ја известат битолската полиција или неговото семејство на телефонскиот број 071 321 743.