ФОТО: Исчезната е Мануела Пандева, родителите бараат помош во потрагата


Апел за помош од родителите на младата девојка Пандева Мануела на која од вчера (11 април) утрото и се губи секаква трага. Девојката е родена 1999 година и живее во струмичко Пиперево . Откако вчера утрото во 7:30 излегла од својот дом за училиште (девојката е 3-та година во „Димитар Влахов “ ) се упатила во непознат правец.manuela-pandeva

Нејзините пријателки не ја виделе тоа утро, а Мануела не била ни во училиште. Исчезнувањето во полиција веднаш го пријавил нејзиниот татко кој не информираше и дека сигналот на телефонот и се губи во 5 часот откако цел ден не одговарала на повиците. Мануела од дома била облечена во тексас палто, фармерки и патики.

Се молат сите кои имаат било каква информација да пријават на следниот број 070 348 580.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1