Што значи одлуката на Иванов – ќе ја реши ли политичката криза


Од политички аспект, одлуката на претседателот Иванов има голема политичка тежина, смета универзитетскиот професор Татјана Каракамишева.

Во гостувањето во ТВ Нова таа истакна дека, Иванов во неколку наврати во своето обраќање посочил на одредена инволвираност на странски служби и странски центри на моќ кои директно ја диригираат ситуацијата во Македонија.karakamiseva1

-Сите обвинувања дека одлуката не е уставна и дека претседателот излегол надвор од законите, не се точни. Уставот му дава должност да биде одговорен за државата, за стабилноста на државата и нацијата и да биде татко на нацијата, да ги застапува нејзините интереси. Гледаме веќе странците имаат сериозен проблем да ја „сварат“, и ако добро се анализира ќе се види дека со оваа одлука испраќаме силен политички сигнал до сите оние кои се мешаа во нашата внатрешна политика повеќе од тоа што треба, и неповикано сакаа да бидат мирудија секаде, бидејќи меѓународниот фактор делуваше како влада во сенка. Меѓународните претставници премногу далеку отидоа, вели Каракамишева за ТВ Нова.

Професорката додава дека Иванов со оваа одлука свртел нова страница во политичкото делување и ставил крај на ваквото мешање.

Оваа одлука не значи повреда на правната држава, со оваа одлука Иванов не сака да ги поклопи институциите, тој настапил со оваа одлука затоа што имал сознанија дека во државата ни се случуваат игри кои ги креира некој од надвор и кој не можат да бидат надминати поинаку, вели таа.

-Затоа тој ги согледал тие работи многу повисоко од политичките партии и донел таква одлука за да се превенира состојба на бездна. Ние сме сведоци, дека имаме голем број на политички случаи се со цел деградирање на политичари, за да не можат да бидат употребливи во избори политика. Основна цел на овие туѓи центри е да се извалкаат сите политичари кои имаат легитимитет и кои имаат народна поддршка. Со покажување со прст кон политичарите, граѓаните да немаат избори и да постават луѓе марионети кои треба да се наш избор. Ние сме доведени во ќор-сокак или сами ќе одлучуваме или некој друг ќе ни ја преземеме државата, како што имаше и има состојби во други држави каде државите се преземени. Тоа е е она сценарио кое мораме да го превенираме, овие генерации имаат историка улога, надминување на кризата или работите ќе отидат во бестрага, анализира Каракамишева.

Имаме фактор кој ни бдее над државата и ни диригира, а ќе бидеме виновни ако дозволиме работите да ни ги води некој друг од надвор, вели професорката.

Целото интервју на ТВНова 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1