Местото каде Тоше Проески го наоѓаше својот душевен мир, манастирот „Св. Преображение“ во Крушево ја комплетира својата внатрешност.
По неговата изградба се работи на внатрешното уредување на манастирот, а како што дознаваме завршен е иконостасот кој по желба на Тоше е изработен од бел мермер. Дел е изработен во Србија, дел во Прилеп.
Иконостасот ќе биде отворен утре кога е и чествувањето на големиот верски празник Свето Преображение.
Во меѓувреме завршени се сите работи кои се одвиваа околу реновирањето на конакот во непосредна близина на манастирот.
Foto – Kurir.mk