ФОТО: Ја оставил девојката поради убавица од Фејсбук, а таа користела туѓа фотографија


Ребека Луис од Оксфорд била шокирана кога открила дека нејзиниот вереник Пол Рашер, контактира со згодна русокоса од Калифорнија на која и изјавува љубов!

Пол и Ребека се запознале во 2010 кога работеле во ист супер маркет. Во 2012 се верилe и почнале да живеат заедно. Само неколку недели подоцна Пол изгубил интерес за неа и постојано седел пред компјутер – се запознал со убавата Кристен од Калифорнија која на својот Фејсбук профил ја имала оваа фотографија.2re500

Ребека успеала да влезе на Фејсбук профилот на Пол и открила дека тој дневно на Кристен и пишува по десетина пораки. И изјавувал љубов. Taa го напуштила заедничкиот дом, но останала во контакт со Пол. И било сомнително зошто Кристен не доаѓа да се запознае со него.

Почнала да истражува на интернет и нашла цел Форум посветен на онлајн девојката на Пол – кој предупредувал дека таа е измамник. Кристен користела фотографии од манекенка да ги измами мажите и да им извлече пари.1re500

–  Ова беше доказот што го барав. Кога му кажав на Пол не ми веруваше, но потоа се сети дека Кристен му барала 2 000 фунти за авионски билет, да го посети. Тој престана да контактира со неа, по неколку месеци побара да се смириме и се согласив, никогаш не престанав да го сакам – вели Ребека.

– Се чувствувам како идиот. Таа девојка ми ја сврте главата, направи да помислам дека не сум среќен со Ребека. Го избришав мојот Фејсбук профил, никогаш веќе не го отварам. Сега имам втора шанса со Ребека и нема да ја пропуштам – вели Пол.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1