Филип прв се роди во 2013 во Скопје, има 7 братчиња и сестрички
Премиерот Никола Груевски, градоначалникот Коце Трајановски, како и министрите Никола Тодоров и Спиро Ристовски денеска (вторник, 01.01.2013 година) на Клиниката за гинекологија и акушерство го посетија првото бебе (Филип) кое што се роди во Скопје, во новата 2013 година.
Првото новороденче е машко и се роди 1 минута по полноќ, долго е 54 сантиметри, а тешко 4 килограми и 300 грама.
Филип е осмо дете на Јасмина, од кои шест се машки и две се девојчиња.
Министерот за здравство Тодоров изјави дека семејството од Владата на Република Македонија ќе добие еднократна помош во висина од 60.000 денари, покривање на сите трошоци за препарати во целата 2013 година, како и бесплатен престој во градинките за трите деца кои се на таа возраст.
– Им честитам на семејството Смилевски и им посакувам среќни новогодишни и божиќни празници. Градот Скопје традиционално на првороденото дете во новата година им подарува штедна книшка со 20.000 денари, изјави градоначалникот Трајановски.
Фото Курир