ФОТО: Како ќе изгледа 60 метарското панорамско тркало над Вардар


60 метарско панорамско тркало ќе биде изградено на пешачки мост кој треба да се изгради меѓу новиот театар и музејот на ВМРО, објавува порталот plusinfo.

Тркалото треба да се гради над новиот пешачки мост на реката Вардар, во делот помеѓу Музејот на ВМРО и Стариот театар. Ќе го гради приватен инвеститор, а за возврат ќе стопанисува со него во следните 35 години.

Кој ќе го гради ќе се разгледува в среда, на следната седница на Советот на Градското собрание.
Идејното решение е дело на австриски архитекти, од архитектонтската фирма Massabni architects GmbH.

Изгледот на тркалото Градот мистериозно го чува сè уште во тајност. Информацијата што се пласираше во јавноста, дека дел од шеесетметарското тркало ќе бидат корпи во вид на кочија, која ќе биде дури и со тркала.

Фото – plusinfo.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1