Рејмонд Рот (47) официјално се удави на 28-ми јули, пред очите на неговиот син, дури и сеопфатната мисија на еден куп спасувачи не успеа да го најде неговото тело.
но само неколку дена подоцна се покажало, дека Рејмонд тој ден воопшто не ни влегол во океанот, само си го оставил пешкирот и приватните работи на плажа за да изгледа како да се удавил.
Тој планирал да ја уновчи полисата за осигурување и да започне нов живот со својот син подалеку од неговата сопруга.
измамата ја открила неговата сопруга откако прочитала емаил во кој Рејмонд го наговара својот син да му помогне во местенката на смртта и наводното давење.
Синот на Рејмонд (22) всушност ја повикал полицијата со паничен глас за да ги извести дека таткому влегол да плива и исчезнал.
Покрај тоа, Рејмонд истиот ден бил сопрен и добил казна од сообраќајна полиција за пребрзо возење но полицаецот не се ни посомневал дека тоа е истиот човек по кого е организирана обемната потрага долж целата плажа.
сопругата пријавила во полиција и уапсен е и синот за мамење на осигурителна компанија и лажно пријавување на несреќа.
Сопругот пак е ставен во психијатриска болница, затоа што тој неговиот адвокат тврди дека е закана за себе и за другите.