ФОТО: „Легна на сандакот на татко му, а тој лично го уби“


„Не можеме да поверуваме што се случи, мислевме дека е нормално момче, а излезе дека е психопат. Живеевме со монструм. Спремен е да ја убие жената која живеела за него“.

Со овие зборови соседите на 23-годишниот Милан Ранковиќ од Младенова кој направи незапаметено злосторство, раскажуваат што се случило. Младото момче ја уби, а потоа и запали својата 69-годишна баба Мирослава, а се верува дека тој е виновен и за смртта на својот татко кој бил отруен пред неколку денови.goubitatkomu

– Веднаш беше ставен на полиграф, а одговорите и досегашната истрага упатуваат на тоа дека најверојатно тој е виновен и за смртта на татка си кој беше најден во распаѓање, вели извор за српскиот Курир.

Соседите се шокирани, велат дека сите ги измамил.

– Глумеше дека се грижи, дека е добар. Плачеше и легна над сандакот на татка си, а тој го убил. Два дена по погребот пушти гласна музика, велат тие запрепастени.

Една од сосетките вели дека Милан вечерал кобната ноќ со татка си околу 20 часот.

– Рече дека вечерале околу 20, па му сварил кафе. Беше потресен и не убедуваше дека починал од срцев удар. Го оплакуваше пред нас, се било глума, вели шокирана соседка.

По труењето на неговиот татко, тој ја убил и баба си, за која оние кои ја познаваат велат дека најмногу го сакала и живеела само за него.

– Влегол во собата додека спиела за да ги земе алиштата кои се нечисти, а таа почнала да му зборува бидејќи испил литро ракија. Тој и рекол „бабо зошто зборуваш така“, а таа го удрила, по што како што вели му пукнал филмот и го зграбил ножот и ја убил, па ја запалил куќата, велат соседите.

Според податоците на српскиот Курир, Милан во полиција рекол дека по убиството размислувал на самоубиство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1