40-годишната Валентина Калежиќ од Белград до пред две години живееше како во бајка, во среќен брак и со три деца. Сега, секојдневно се моли за помош за да преживее.
Таа има леукемија и мора да се направи трансплатација на коскена срж. Децата, вели, и се најважни во животот, за нив сака да биде здрава. Тие најмногу и помагаат сега, заедно со нивниот татко и докторите.
Хемотерапија, голем број лекови, третман со матични келии, многу болка. Вака тече нејзиното секојдневие.
Во Србија за неа веќе се донира преку хуманитарна акција поттикната од нејзиниот сопруг.