Фото: Mајка не смее да ги прегрне децата, бидејќи е радиоактивна


Британката Ема Деј (27) не смее да им пријде на своите деца затоа што е радиоактивна. Оваа мајка на три мали деца не може да ги прегрне своите деца, да ги помилува или да претстојува во нивна непосредна близина, затоа што стана радиоактивна поради лечењето рак на тироидната жлезда, јави „Дејли Мејл“.

majka1-630x496Ема во својот дом може да им пријде на своите деца најблиску на еден метар, а изолирана е и во болница каде има посебна соба кога оди на прегледи и терапии.

Радиоактивноста се појавила како реакција на големите дози јод кои ги примала во рамките на терапијата. Иако лекарите сакаа да ја сместат во болница, таа тоа го одбила за да го поминува времето со нејзините деца, кои сепак не и приоѓаат многу блиску заради опасноста од зрачење.

– Психологот  и објасни на најстарата ќерка, но на близнаците ништо не им е јасно, затоа што се многу мали за да разберат, тажно констатира оваа несреќна мајка која не смеела ни да ги дои нејзините деца.

Denesen

majka1-630x496

majka12

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1