“Ова го сторив за да не се заборави болката што ја предивикав”, изјавил во судницата 28 годишниот Македонец од Мелбурн Сашо Ристовски објаснувајќи ја тетоважата по целото негово лице. Ристовски е обвинет за убиството на својата девојка тинејџерка, 16 годишната Медисон Тилјард.
Ристовски под дејство на алкохол и амфетамини на 4 јули 2014 година предизвикал тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубила неговата девојка, а тој поминал без ниту една повреда.
Во знак на каење за неговото дело, Ристовски си го истетовирал целото лице за да „не се заборави“ болката што ја предизвикал. „Си го ставив ова ѓаволско мастило за да не се заборави болката што ја предизвикав“. Тој пред судот го признал делото опасно возење и предизвикување смрт и несовесно однесување со загрозување на човечки живот, пренесува порталот МКД.мк.
На денот на несреќата, Ристовски ја зел неговата девојка од некоја забава и ѝ рекол: Јас ќе те ставам во гроб до крајот на ноќта! Тој и на своите пријатели пред да замине од забавата им рекол – сите ќе ве ставам во гроб.
Ристовски порано работел во агенција за обезбедување. Еден ден пред несреќата, тој предизвикал сообраќајка губејќи ја контролата на спортскиот автомобил на татко му возејќи со 210 км/час.
Mkd.mk/ au.news.yahoo.com