Сестрите имале коса долга вкупно 11 метри, поради која станале многу популарни во 19 век.
Сара, Викторија, Изабела, Грејс, Наоми, Дора и Мери пораснале во мала колиба во округот Нијагара, во државата Њујорк.
Образованието во тоа време било луксуз, чевли се носеле само во недела, облеката си ја шиеле самите. Но, нивната мајка направила домашен препарат за коса, поради чиј мирис девојките биле непопуларни во училиште.
Дали поради изумот на госпоѓа Сандерленд, или само природно, но до времето кога станале тинејџерки, сестрите станале темнокоси и имале коса долга вкупно 11 метри.
Тие знаеле да свират и на инструменти и да пеат, но поради нивните долги коси, нивниот талент никој не го забележувал.
Со тек на време, семејството Сандерленд станало богато благодарение на препаратот за коса по кој жените “полуделе”.
Се смета дека тие биле првите познати модели во САД, како Седумте сестри Сандерленд, со оглед на тоа што редовно биле фотографирани за весниците.
Kurir.mk