ФОТО: Мистериозните сестри Сандерленди, првите модели во историјата


Сестрите имале коса долга вкупно 11 метри, поради која станале многу популарни во 19 век.

Сара, Викторија, Изабела, Грејс, Наоми, Дора и Мери пораснале во мала колиба во округот Нијагара, во државата Њујорк.sestri1_thumb_medium380_0

Образованието во тоа време било луксуз, чевли се носеле само во недела, облеката си ја шиеле самите. Но, нивната мајка направила домашен препарат за коса, поради чиј мирис девојките биле непопуларни во училиште.

Дали поради изумот на госпоѓа Сандерленд, или само природно, но до времето кога станале тинејџерки, сестрите станале темнокоси и имале коса долга вкупно 11 метри.sestri_thumb_medium380_0

Тие знаеле да свират и на инструменти и да пеат, но поради нивните долги коси, нивниот талент никој не го забележувал.

Со тек на време, семејството Сандерленд станало богато благодарение на препаратот за коса по кој жените “полуделе”.

Се смета дека тие биле првите познати модели во САД, како Седумте сестри Сандерленд, со оглед на тоа што редовно биле фотографирани за весниците.

Kurir.mksestri4

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1