Фото: Монструмот ,,Џокер,, пред судот – мирен и ладнокрвен


Монструмот Холмс денеска пред очите на правдата мирен и ладнокрвен, не изусти ниту збор, дали бил под силни седативи, или пак злосторството воопшто не му влијае на внатрешниот мир?

Обвинителството ќе бара од судот да не дозволи ослободување со кауција. Оттаму велат се уште се разгледуваат бројните докази, а обвинението и формално ќе биде покренато на 30 јули. Во меѓувреме Холмс или како што тој се нарекува „Џокер“ е во целосна изолација во затворот.

Нетрпение и неизвесност кај целата американска јавност, го очекуваа неговото прво појавување пред судот. „Лудиот“ студент по неврологија со месеци го планирал крвавиот напад што го изврши минатиот петок, на премиерата на „Бетмен“. Беа убиени 12 и повредени 58 лица. Сега се соочува со обвинување за убиство од прв степен, доколку биде прогласен за виновен, го чека смртна казна.

Изминативе два дена во притвор Холмс одбива секаков разговор со полицијата, така што неговите мотиви засега се сведуваат на претпоставки. Холмс најверојатно нема здрава свест, уверени  се чуварите кои работат во засилени смени за да го одбранат 24 годишниот монструм од другите затвореници. Истрагата успешно ги пронаоѓа каналите како и пратките за кои се верува дека содржеле материјали за изработка на 30 експлозиви кои се пронајдени и деактивирани во неговиот дом.

Една од трагите е Универзитетот во Колорадо, каде што Холмс асистирал. Сепак портпаролот на Универзитетот се уште не потврдува дали Џокер го злоупотребил својот лесен пристап до опасните материи за да изработи бомба.
Инцидент што силно ја потресе американската па и светската јавност, во Аурора секојдневно пристигнуваат сочувства од целата земја, меѓу нив и на Обама како и на режисерот на Бетмен Кристофер Нолан.

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1