Објавени имињата на првите 10 лустрирани кодоши


За десетина дена се очекува комисијата за лустрација да ги заврши сите законски процедури за објавување на имињата и презимињата на сите сегашни носители на функции, соработници на органите на државна безбедност, со цел во иднина да ги ограничи истите да вршат каква било јавна функција.

Претседателот на Комисијата за верификација на фактите на Република Македонија, Томе Аџиев, изјави дека процедурата за првите десетмина поранешни полициски соработници е веќе завршена.
Станува збор за Киро Јанчев, Миленко Габер, Бранко Темов, Стојан Чамински, Кире Дојчиновски, Реџеп Златку, Мустафа Сахиу, Хисен Шаќири, Михаил Андреев и Ѓорги Пулцовски.


„За сите десет досиеја кои беа пред Управниот суд, кои, сега според новиот закон се вратени пред Комисијата, процедурата се уште не е завршена. За се друго, барањата до сите надлежни институции, Управата за безбедност, военото разузнавање, Агенцијата заразузнавање и до Архивот на Република Македонија, се веќе испратени, се чека на нивниот одговор, по што ние ќе треба да заседаваме и по утврдувањето на фактите да ги објавиме списоците на нашата интерент страница“, изјави Аџиев.

Неколку активисти на невладини организации, професори и интелектуалци се обидуваат да ја оспорат уставноста на новите законски решенија за лустрација. Мирјана Најчевска заедно со уште неколку граѓани поднесоа кривична пријава против Ѓорѓе Иванов. Во пријавата е образложено дека Иванов сторил кривично дело откако на 20 јуни одбил да изврши одлука на Уставниот суд.

Претходно за истата работа група на интелектуалци, здружени под името Граѓани за Европска Македонија поднесоа тужби до сите пратеници. Потписници на истата беа Љубомир Фрчковски, Владимир Милчин, Ѓунер Исмаил, Бранко Геровски, Никола Гелевски, Жарко Трајановски и Роберто Беличанец.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1