Куп Македонци на Јелен Демофест 2012


Од 26 до 28 јуни на тврдината Кастел во Бања Лука ќе се одржи Јелен Демофест 2012. Ќе настапат 31 бенд, од сите бившо ју простори, па и два бенда под Македонија Dan Rice и Dead Shot .

Стручно жири е составено од Васил Хаџиманов, Влатко Стефановски, Бане Антовиќ, Младен Матовиќ и Бранкица Јанковиќ.
Според правилата на фестивалот можат да учествуваат само бендови од бившите земји на Југославија. Така два бенда, еден од Италија и еден од Австрија беа дискфалификувани, а дополнителни  ќе биде дисквалификуван и било кој бенд, доколку се дознае дека имаат издадено албум со потпис од некоја легитимна издавачка куќа.
Во програмата ревијално ќе настапат и Бисера Велетанлиќ, „Психомодо Поп“, „Мајке“, „Земља грува“, „Сопот“, „Плишани Малишан“, „ Дарквуд даб“ и други. Кирил Џајковски пред неколку години ревијално настапи на овој, засега еден од водечките фестивали во регионов.

Ќе има и прикажување на филмови, книги и дополнителна фестивалска програма.

Во натпреварувачка конкуренција ќе настапат следниве бендови-
Vila Filozofna – Белград
Ljubicice – Белград
Rollin Humes – Ријека
Hellcats – Љубљана
Lazy Cats& Djo El Virtuozo – Крагујевац
Vanja The Frog – Бања Лука
Neuro – Бања Лука
Lates – Белград
Droid – Ријека
The Rock Flock – Загреб
Seine – Вараждин
Indigo pop – Подгорица
Kanta – Мостар
Zero String – Белград
Ego – Ниш
Sharks, Snakes & Planes – Белград
Fault – Пула
Dede Putra – Бихаќ
Dan Rice – Скопје
Da Vinci – Ријека
Jenki Zu – Брчко
Grate – Нови Сад
Thank you Baudelaire – Белград
Abzorfan – Подгорица
Kraj programa – Ријека
The Loudest Silence – Сарајево
Mimic – Сремска Митровица
Dead Shot – Битола
Black Jocker – Пирот
Emby&Ministar – Бања Лука
Futavci – Сараево

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1