Починато машко лице попладнево е пронајдено во центарот на Охрид кај старата автобуска станица.
Според неофицијални информации се работи за американски државјанин на возраст од околу 60 години, кој бил сместен во изнајмен стан во околните згради. Американецот, според непотврдени информации извршил самоубиство скокајќи од шестиот кат.
Истрагата на надлежните треба да расветли под какви околности починало лицето.