Груевски повторно е избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ


Никола Груевски е реизбран за лидер на ВМРО ДПМНЕ. На своето членство му вети силна и просперитетна Македонија, а на опозицијата и понуди договор за  меѓупартиски консензус за пет теми кои не смеат да бидат дел од дневната политика и меѓусебните препукувања.

nikola-gruevski-foto

– Прво, повисок квалитет  во образованието,  иновациите и претприемништвото, вклучувајки ги мерките за олеснување на бизнисот. Второ, прашања поврзани со стабилноста на земјата, како што се меѓуетничките односи, и погенерално безбедноста на земјата. Трето, проблемот со името. Четврто, напорите за отворање на работни места. Тоа треба да биде заедничка цел и да немаме сопки околу тоа.  Петто,  согласноста дека во секоја свера и секој сектор, треба постојано да си поставуваме повисоки стандарди, изјави Груевски.

И покрај ваквата понуда, Груевски смета дека опозицијата е најнедемократскиот фактор во државата и има деструктивна агенда на тема слобода и демократија. Нејзината приказна за недемократскиот режим, заради свои интереси и влијанија, ја прифатија и некои земји од меѓународната заедница, забележа Груевски, но порачува дека кај нас се прават еднакви грешки и пропусти како во поголемиот број европски земји. За него, најголем ресурс на оваа земја се мозоците кои треба да се користат за иновации и самодоверба во сите области. Груевски изјави дека работи по 12 до 15 часа на ден и си оди дома исполнет заради реализираните замисли за напредок и реформи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1