Вратени пасошите – Заглавените туристи од Истанбул патуваат за Македонија


После 12 часа заврши голготата на 400 македонските туристи во Истанбул, кои беа заглавени во хотелот Севџан. Како што информираат за Телма  Телевизија до Министерсвото за надворешни работи нив им се вратени пасошите и тие се тргнати на пат за Македонија.

Foto - Telma

Foto – Telma

Претходно менаџерот на хотелот изјави дека агенцијата Јупитер не им платила за престојот и тие затоа им ги задржале патните исправи.

Надлежните од агенцијата биле повикани во полиција каде дале изјава, а за случајот го информирале и македонскиот конзулат.

Проблемите со агенцијата започнале уште на почетокот. Патниците не биле сместени во хотели за кои платиле туку во хотел блиску до аеродромот. Затоа секој ден морале да патуваат до центарот на градот. Никој од нив не насетувал дека ќе бидат заглавени во Турција поради долг на агенцијата со која патуваат.

Газдата на агенцијата во полиција – Македонците се уште без пасоши – долгот е 14 000 евра

Видео: Драма во Истанбул: 400 македонци заглавени, земени пасоши – агенцијата не платила

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1