ФОТО: Му го украле братот близнак по раѓањето, по 24 години му тропнал на врата


Сè започнало на 7 мај 1979 година кога мајката Надица Миљковиќ родила две момчиња, близнаци. Ненад и Иван, браќата близнаци само еден ден откако биле родени се пренесениво Белград без мајката,наводно поради вода во белите дробови.

Ова е почетокот на приказната која 37 годишниот Иван ја раскажува за српски Телеграф и за тоа како го разделиле од братот близнак по раѓањето.Ivan-Miljkovic

-Во протоколот кој следува после породувањето кога се запишуваат податоци за новородените бебиња, лекарите напишале дека едното бебе егзитирало, додека второто е здраво. Тие однапред знаеле дека наводно едното ќе умре, иако тоа никогаш не се случило. Дури следниот ден на 8 мај лекарите соопштиле дека едното дете умрело, а второто е во тешка состојба, раскажува Иван.

Кога дознал дека едното дете му починало таткото Зоран барал од лекарите да го види телото и да го погреба бебето. Му било кажано дека не може и дека подобро е да го чува тоа што му останало. Родителите не се посомневале во ништо. Годините поминувале, а дури по повеќеод 20 години во 2003 кога во медиумите познало да се говори за кражба на бебиња,почнале и сомневањата.

Ivan-Miljkovic1

Семејството започнало своја истрага преку собирање на документи при што утврдиле дека документација за гробно место не постои, како ниту документ за смрт.

-Низ останатата документација наидовме на тежок организиран криминал. Во матичната книга на родени, веднаш по раѓањето, мене и на мојот брат ни е доделен ист матичен број. Тоа значи дека од двајца направиле еден, за да им се вклопи во статистиката. Еден е правно починат за да му се направи нов идентитет на некое ново место, во ново семејство. Поседувам и уверение за државјанство на кое јасно стои класификационата ознака 201 која е за промена на идентитет. Прво од документите дојдовме до податокот кој е, а подоцна утврдивмекаде точно се наоѓа, ја раскажува својата животна приказна Иван.

Во контакт со братот стапил по 24 години.

-Го побарав на телефон и му реков: „Здраво, тука е Иван“. Ме праша: „Кој Иван“, одговорив: „Твојот брат близнак“. Набрзо потоа тропнав на неговата врата, се сретнавме и пресреќни сме што најпосле се запознавме, раскажува Иван.

Близнаците се во постојан контакт,направиле и ДНК анализа која потврдила дека се биолошки браќа. Сега ја бараат правдата до крај за сите одговорни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1