ФОТО: Почина последниот индијански поглавица


Џо Медицин Кроу од племето Кроу, почина на 102-годишна возраст. Тој воедно е и последниот голем индијански поглавица во САД.

Кроу се смета за последниот воен поглавица, титула која ја добил како извидувач за американската војска во Втората светска војна. Неговите предци се бореле во индијанските битки во 19 век.indijanski-poglavica

Претседателот Обама во 2009 му го додели Медалот на слободата на поглавицата, највисоко признание што може да се додели на цивилна личност. Исто така, Кроу беше добитник и на највисокото француско одликување на Легијата на честа.

indijanski-poglavica.jpg1_

Кроу бил и автор на голем број историски книги во кои ги запишувал обичаите на американските Индијанци, посебно на племињата на кои им припаѓал. Тој јавно држел предавања за обичаите на својот народ и раскажувал настани од минатото кои му биле пренесени од неговите предци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1