ФОТО: На банкнота од 5 евра ќе има Кирилица


На новите банкноти од 5 евра, украсена со портрет на феникиската принцезата Европа од грчката митологија, за прв пат ќе биде напишано „евро“ и со кирилично писмо.

evro-kirilica2Европската централна банка (ЕЦБ) денска ги промовираше новите банкноти од пет евра, што се со подобра заштита против фалсификување.

Единствената земја која користи кирилицата во ЕУ, е Бугарија, која се уште не е членка на еврозоната, па отпечатувањето на еврото со кирилица се толкува како политички сигнал на доверба од страна на Европската централна банка како и проширување на зоната во иднина. Кирилично писмо користат и два кандидати за ЕУ Македонија и Србија.

Новите банкноти од серијата „Европа“, беа презентирани од претседателот на ЕЦБ Марио Драги ќе бидат пуштени во промет на 2. мај 2013 година.

The-president-of-the-Europe_620x0

evro-kirilica

Банкнотата беше преставена на изложбата со наслов  “Новото лице на еврата”, поставена во Археолошкиот музеј во Франкфурт и ќе биде отворена до 10. марта.

Новите банкноти од серијата “Европа” од 10, 20, 50, 100, 200 и 500 евра ќе бидат во оптек во наредните 5 години. Ќе важат и старите евра, но постепено ќе се повлекуваат од оптек. Ќе ја сочуваат вредноста и ќе може да се заненат во националните банки на членките на евро зоната.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1