Популарната пејачка Нина Јанева падна од бина пеејќи на свадбата на нејзината другарка од средно училиште. Бината била висока над метро и половина, па за несреќа настрада левата рака на Нина. Таа сподели фотографија од раката во гипс на социјалните мрежи.
-Гипс ставија, важно ноктите не се скршија. Им благодарам на на вработените дежурни од Ургентниот центар што не ми дозволија ни секунда да помислам дека сум избегнала смрт за влакно. Сега имам уште еден роденден- напиша Јанева на Фб. Гостите велат дека ситуацијата била опасна, а Нина не стигнала ниту да наздрави во алкохол.
Kurir.mk