Ова се фотографии од Њујорк во очекување на ударот на бурата Сенди.
Според последните информации ураганот е на 470 миљи од Њујорк. Ветар со јачина 75 MPH. Од полноќ по локално време затворен е комплетниот јавен превоз.
Празни се метроата, железничките станици, автобуските станици. Компанијата која го обезбедува градот со струја ConEd денес ќе донесе одлука зависно од напливот на вода дали превентивно ќе ја исклучи струјата.
Според информациите евакуирано е комплетното крајбрежно подрачје, а околу 400 000 луѓе го напуштиле градот. Вонредна состојба е прогласена во Њу Џерси, Њујорк, Конектикат, Пенсилванија, Мериленд, Вирџинија и Вашингтон Д.Ц. Околу 60 милиони луѓе може да бидат погодени од бурата.
Живо: Следете го Ураганот Сенди